Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор

Поранешниот албански претседател и лидер на опозициската, Партија на слободата, Илир Мета останува во затворски притвор откако денеска и Специјалниот апелациски суд го отфрли барањето за изрекување поблаги мерки.
Мета не беше присутен на рочиштето, но беше застапуван од неговиот адвокат Кујтим Чакрани. На рочиштето двајцата специјални обвинители, Арбен Краја и Сотир Клапи, побараа продолжување на веќе изречената мерка на Мета, кој е во притвор од февруари оваа година, што беше и прифатено.
Ова не е првпат Мета да бара поблаги мерки, но сите судски инстанци, вклучително и Врховниот суд, ги отфрлија барањата. Тој поднесе жалба и до Уставниот суд за поблага мерка за безбедност и наводите за прекршувања на законот во процесот против него, за што се очекува датум за разгледување.
Мета (56), претседател на Албанија беше во период од 2017 до 2022 година, на која дојде од функцијата претседател на парламентот. Претходно беше и министер за економија и надворешни работи.
Под истрага на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал, СПАК, е за корупција, перење пари и прикривање на имот поврзан со досиејата на ЦЕЗ-ДИА, партиско лобирање во САД и семејни трошоци надвор од земјата.
По одлуката на судот Мета веднаш реагираше на Фејсбук, каде напиша “Никакво разочарување од теленовелата – режимска правда”.
Ново на Сител
-

Пациентите од „Пулс“, чекор по чекор до целосно закрепнување
-

Формирано Собрание на млади во Прилеп, наскоро ќе се формира и Совет на млади
-

Преглед на вестите од светот
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
