Македонија
4. March 2026 - 12:17

Поскапуваат градинките во Охрид

Поскапуваат градинките во Охрид .Наместо досегашните 1490- денари за целодневен престој на дете до 6 годишна возраст родителите отсега ке плаќаат 500 денари повеќе.

Дел од советниците сметаат дека поскапување на оваа услуга директно влијае на семејниот буџет и предлагаат самохраните родители како и семејства од кои едниот родител е вработен  да се ослободени од плаќање надомест за децата.

Со  одлуката на советот на општина Охрид   се менува цената донесена во 2004 година со што практично се врши усогласување со економските услови и покачените трошоци  за живот.