Поведена постапка за сообраќајната несреќа во Волково во која загина пешак

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти ЈОРМ, осомничената 40-годишна скопјанка, на 3 јануари вечерта во Волково управувала автомобил „мерцедес“, задржувајќи ист правец на движење, но без притоа да обрне доволно внимание на пешаците кои се наоѓаат на коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот.
-Со предниот десен дел од возилото удрила во телото на пешакот Горан Иваноски кој се движел покрај десниот рабник вдолж коловозот, во истата насока пред автомобилот, иако бил должен како пешак да се движи по тротоарот. Од ударот пешакот се здобил со повреди од кои починал на лице место, наведуваат од Обвинителството.
Јавниот обвинител издал повеќе наредби за вештачења со цел утврдување на сите околности на сообраќајната несреќа, а во меѓувреме за осомничената се предложени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште и одземање на патната исправа, стиу во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Астронаутите од мисијата ,,Артемис 2" безбедно се вратија на Земјата
-

Почнаа преговорите Вашингтон – Техеран за крај на шестнеделниот конфликт
-

Мицкоски: Идната недела пониски цени на горивата
-

Скок на инфлацијата во Март – највисок во последните 2 години
-

Комитетот на ООН утврди - Бугарија неосновано одбива регистрација на македонски здруженија
-

Лекарите со совет – Со “усул” јадење и пиење за празниците
-

Крушево преполно за Велигденските празници - полека се отвора сезоната за оваа година
-

За Велигден Дојран полн со туристи
