Повлечени американските бомбардери Б-1 од британската база „Ферфорд“ поради безбедносни закани

САД ги повлекоа своите бомбардери Б-1 од британската воздухопловна база „Ферфорд“, една недела по апсењето на неколку лица под сомнение за подготовка на терористички напади, соопшти претставник на Пентагон.
Дванаесет бомбардери Б-1 беа распоредени во базата на британските Кралски воздухопловни сили „Ферфорд“, северозападно од Лондон. Авионите беа користени во американските напади врз Иран.
„Иако оперативната безбедност не ни дозволуваше во реално време да го потврдиме преместувањето на нашите сили и опрема, сега можеме да потврдиме дека сите американски бомбардери распоредени во ‘Ферфорд’ се вратија во своите матични бази во САД“, напиша портпаролот на Пентагон во електронска порака.
Британскиот премиер, Енди Барнам, во средата изјави дека Велика Британија располага со „сериозни индикации“ за можно иранско учество во наводен заговор против базата. Иран ги отфрли како неосновани обвинувањата за поврзаност со наводниот план и го повика британскиот амбасадор во Техеран на разговори.
Весникот „Волстрит џурнал“ прв објави дека авионите биле повлечени од базата поради безбедносни опасности поврзани со наводни терористички планови против објектот.
Британската Влада претходно им одобри на САД да ги користат бомбардерите распоредени во „Ферфорд“ за напади врз ирански ракетни позиции од кои, според извештајот, биле напаѓани бродови во Ормуската Теснина.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека осомничените планирале да предизвикаат „голема штета“, додека државниот секретар, Марко Рубио, спомена „вмешаност на странски фактор“.
МИА
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
