Бизнис
14. јуни 2022 - 16:36

Повторно се замрзнуваат маржите на основните прехранбени производи

По 15 дена енормни поскапувања на храната, од Владата одлучија повторно да ги замрзнат маржите на дел од основните прехранбени производи. За лебот, маслото, шеќерот маржата ќе биде 5%, а за брашното, оризот, млекото, макароните профитот нема да смее да надмине 10%. Оваа мерка ќе биде на сила од утре до 30ти септември.

Министерот за економија, со овие мерки очекува да има намалување на цените на одредени производи и до 7 денари.

Сепак, Владата нема да направи отстапки од сопствениот буџет, па со оваа мерка на удар ќе бидат компаниите.

Според Бектеши, сепак голем дел од сегашните псокапуавња се нереални.

Во меѓувреме се заканува поскапување од 20 до 30% на сувомеснатите производи, но и за исто толкав процент отпуштања, доколку Владата не ја продолжи мерката за укинување на царината за замрзнатото свинско месо.

Од Министерството за економија велат дека стигнало до нив вакво барање од производителите, но најпрво ќе се консултираат со Министерството за финансии и економија и ако мислат дека има потреба ќе донесат одлука, дали да се продолжи мерката за укинување на царината.

Дополнително откако ќе биде усвоен ребалансот на буџет, ветуваат таргетирани мерки и помош за граѓаните и стопанството.