Пожар во стан на собирач на ѓубре ги вознемири соседите во зградата кај Транспортниот центар
Пожар во стан полн со смет во близина на Транспортниот Центар во Скопје ги вознемири соседите и случајните минувачи. Отпадот кој со години сопственикот на станот го собирал дома ја отежнуваше работата на пожарникарите.
-Атосфера... Имало многу партали и неможело да гори....
Како што може да се забележи во станот биле собрани купишта алишта, стара постелнина, пластични гајби и шишиња.
Утрово околу 10.30 минути случаен минувач го алармирал првиот сосед дека од станот до него излегува густ чад. Брзата интервенција на противпожарната служба спречи трагедија на улицата Никола Карев во Скопски Центар.
-Кога влеговме внатре видовме дека нема мебел туку само шут и облека. За кратко време успеавме да го локализираме пожарот со 7 пожарникари и како што гледате сега целосно е изгаснат, изјави Сретко Цимевски, командир на смена во Противпожарната бригада на град Скопје.
Во опожарениот стан повеќе од 20 години сам живее средовечен маж. Соседите реагираат дека навечер во неговиот дом покрај сметот што го собирал од контејнери прибирал бездомници и домашни животни. Пожарникарите од огнот спасија и мало маче. Луѓето кои живеат во истиот влез велат дека станува збор за лице со нарушено психичко здравје и напаѓал луѓе. Иако подолго време барале помош од надлежните институции, ништо не било преземено.
-Одреден период беше на лекување и го пуштија, вели соседот Горан Тасески.
-Десетина физички напади, полицијата го бара, додаде друг сосед
-Други луѓе влегуваат може зарази да ни пренесат, додава трет сосед.
-Апелираме до Општина Центар и до социјалните служби да презематнешто да помогнат да се расчисти ѓубрето, повикаа соседите.
Додека интервенираа пожарникарите сопственикот на станот не беше тука. На лице место имаше и полициски службеници. Причината за пожарот засега е непозната, а од МВР информираат дека се работат на расчистување на случајот. Од министерството за труд и социјална политика тврдат дека лицето кое живее на посочената адреса не е евидентиран во нивниот систем и не е корисник на никаква помош од државата.
По пелените во Скопјанка, за еден месец ова е втор случај во кои соседите ги трпат последиците од неодговорни поединци.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
