Пратеничките побараа поголеми заложби за родова еднаквост - СДСМ ја бојкотираше седницата
Иако не постојат ненадминливи бариери за жените, кои се двигател на општеството, потребна е поголема борба и заложби за целосно да прекине родовото насилство. Постоењето на закони кои предвидуваат и казни за фемицид не се доволни, сторителите на насилство врз жената треба да добијат нај високи казни, порача претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, обраќајќи се на собраниската седница посветена на Меѓународниот ден на жената.
Говорот посветен на борабата за еднакви права и надминување на предрасудите не го слушнаа пратениците на опозициската СДСМ. Велат лицемерно е да се зборува за права жени и заштита од дискриминација по вербалниот судир меѓу пратеничката Петровска и министерката Кочовска Димитриевска. Не се појавија на седницата , но и нема да учествуваат во работата на клубот на пратенички додека не добијат извинување.
Од власта повикаа на разумност и достоинствено однесување во носењето на одлуки. Побараа заедно со мажите и жените да бидат креатори на политиките. Нотираа дека се уште не постои рамноправност во остварувањето на правата, се намалил и бројот на пратенички во Парламентот, а се помалку жени добиваат место и на раководни позиции.
И на ова одвележување на Меѓународниот ден, жените се уште се соочуваат со дискриминација на пазарот на трудот, затоа борбата за родова активност треба да се гледа како заедничка цел на општеството порачаа пратеничките.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
