Loading Video...
Свет
31. January 2024 - 12:23

Преглед на вестите од светот

Земјоделците во Франција продолжуваат со блокадите и втора ноќ тие ја минаа надвор, а продолжија и со своите барања за помош околу заработката од нивната работа и за мерки против евтиниот увоз. Земјоделските синдикати планираат направат опсада на Париз, особено што Франција, важи за најголем земјоделски производител во ЕУ. Протестите траат повеќе од една недела, но добија на интензитет од понеделникот.

Украинската воздушна одбрана собори 14 од 20 беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта. Во напад беше повредено едно лице и оштетени комерцијални објекти.

Воздухопловните сили на Украина наведуваат дека беспилотни летала Шахед од иранско производство и три ракети Искандер биле истрелани врз пет региони на југот и на истокот на Украина.

Претседателот Зеленски рече дека е приоритет на Украина е да ја врати контролата врз нејзиниот воздушен простор оваа година за да постигне напредок на фронтот. Украина е под постојани воздушни напади на руските сили речиси две години и ги повикува западните сојузници да ги зајакнат нејзините одбранбени системи. На самитот в четврток европските лидери ќе ветат продолжување на воената поддршка за Украина.

Хамас соопшти дека примил и го проучува новиот предлог за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, претставен од посредниците што се чини дека е најсериозната мировна иницијатива.

Висок функционер на Хамас изјави за Ројтерс дека предлогот вклучува примирје во три фази, при што групата прво ќе ги ослободи преостанатите цивили меѓу заложниците што ги зароби на 7 октомври, потоа војниците и на крајот телата на убиените заложници.

Лицето, зборуваше под услов да остане анонимно, не посочи колку долго ќе траат етапите, а предлогот за прекин на огнот уследи по разговорите во Париз.

Во знак на сериозноста на преговорите, шефот на Хамас Исмаил Хание рече дека ќе оди во Каиро да разговара што е негово прво јавно патување по повеќе од еден месец. Но, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повтори дека нема да ги повлече војниците од Газа додека нема „целосна победа“.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, се состана со 35 земји донатори и повторно апелираше за обновување на финансирањето и нови донации за загрозената агенција на ОН за палестинските бегалци.

Тој ги информираше амбасадорите, вклучително и од Европската унија, за активностите што ги презел по обвинувањата дека 12 вработени во агенцијата учествувале во шокантните напади на Хамас на 7 октомври во јужен Израел.

Ријад Мансур, палестинскиот амбасадор во ОН, ги повика земјите кои го прекинаа финасирањето да ги преиспитаат одлуките, а другите држави како и тие од регионот да го засилат финансирањето. Портпаролот на ОН Стефан Дужарик напомена дека не е изводливо УНРВА на кој било начин, облик или форма“ брзо да се замени со друга агенција.

Голема експозија на гасовод се случи во американската сојузна држава Оклахома, пренесуваат новинските агенции и портали. Експлозијата се случила во 21:45 часот по локално време или 4:45 по средноевропско.

Според противпожарната служба, пламенот достигнал висина од 150 метри, а противпожарните екипи веднаш биле на терен, но биле на безбедно растојание до исклучувањето на гасот. Пламенот се гледал и од далечина од 50 километри.