Loading Video...
Свет
13. February 2024 - 12:22

Преглед на вестите од светот

САД активно работат на преговори за прекин на огнот во Појасот Газа за најмалку шест недели. Со договорот се очекува да биде вклучено: ослободување на заложниците, изјави американскиот претседател Џо Бајден за време на неговата средба со јорданскиот крал Абдула Втори.

Бајден, исто така, рече дека цивилите кои се кријат во јужниот град Рафа, на границата со Египет, „мора да бидат заштитени“, бидејќи Израел размислува за копнена инвазија на густо населената област каде што се заглавени повеќе од еден милион Палестинци

Денес беше забележан чад како се надвива над Кан Јунис во Газа, во близина на кампот за раселени лица во Рафах. Израелските сили убиле десетици палестински вооружени лица во борбите во јужниот и централниот дел на Појасот Газа во последните 24 часа, соопшти во вторникот војската. Израелските лидери рекоа дека планираат следната операција во обид да ги уништат преостанатите баталјони на Хамас.

Во ноќешниот напад на руските сили со ракети и дронови оштетена е термоцентрала во Дњепар, во централна Украина, а дел од градот остана без вода, соопштија украинските власти. Нападот на градот е извршен со проектил и четири групи беспилотни летала од повеќе правци, се наведува во објавата од Военото воздухопловство на Вооружените сили на Украина.

Украински енергетски дистрибутер ДТЕК соопшти дека термоцентралата е значително оштетена и дека во нападот нема жртви.

Министрите за надворешни работи од Вајмарската тројка (Германија, Франција и Полска) разговараа за продолжување на помошта за Украина, борбата против руските дезинформации и актуелните безбедносни предизвици.

Зајакнувањето на поддршка зависи од соработката на Франција, Германија и Полска во следните месеци, па дури и години, како и од способноста да дејствуваат заедно во рамките на ЕУ и НАТО, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Таа додаде дека во Германија е откриена огромна мрежа за проруски дезинформации и најави развој на соработка за борба против руската пропаганда.

Вајмарскиот триаголник е основан во 1991 година како формат на меѓународна соработка меѓу Полска, Германија и Франција.