Loading Video...
Свет
14. February 2024 - 12:18

Преглед на вестите од светот

Израелските одбранбени сили објавија видеоснимка на која наводно се гледа лидерот на Хамас, Јахја Синвар, во тунел под градот Кан Јунис во јужна Газа, пренесува Си-ен-ен.

Портпаролот Даниел Хагари, на прес-конференција, рече дека снимката е од 10 октомври и го прикажува Синвар со сопругата, децата и неговиот брат како шетаат низ темен тунел. Хагари рече дека материјалот го добиле последните денови и рече дека снимката е направена на камера за видеонадзор на Хамас.

Според Хагари, Синвар со семејството преку тунелот избегал до еден од безбедните сместувачки комплекси што ги изградил однапред. Ова видео, додава Хагари, „е резултат на нашиот лов по Синвар кој нема да престане додека не биде фатен, мртов или жив“.

Околу 1,3 милион луѓе се сместени во шаторски град кој се простира речиси до египетската граница во Рафа, место кое е единствениот безбеден простор за Палестинците кои бегаат од северот и центарот на Газа

Во меѓувреме Израел планира и копнена офанзива на Рафа, како последен бастион на Хамас, Палестинците сè повеќе се во паника каде да избегаат и да се сокријат, со оглед дека градот на југ се граничи со Египет, а границата е затворена веќе со месеци.

Останува нејасно како и кога би се одвивала копнена офанзива, а таа неизвесност ја зголемува вознемиреноста кај Палестинците во Рафа за тоа каде да одат и што да прават.

Големиот десантен брод на руската црноморска флота „Цезар Куников“ е уништен од украинските сили на окупираниот полуостров Крим,. Тој беше во украинските тероторијални води близу Алупка кога беше погоден“,кажа украинската војска

Украинското воено разузнавање соопшти дека бродот долг над 100 метри бил нападнат со поморски дронови. Украина досега користеше вакви беспилотни пловила наполнети со експлозив за да напаѓа руски воени бродови.

Три лица загинаа, а дванаесет се ранети во синоќешното руско бомбардирање на Селидове, во близина на Доњецк во источна Украина, соопштија локалните власти.

Во нападот биле погодени девет станбени згради и болница лоцирана на дваесетина километри западно од бојното поле.

Меѓу загинатите има и едно дете, а меѓу ранетите има четири деца,

Обилен снег како дел од силната бура на североисточниот дел на Соединетите Држави создаде проблеми при патувањата за милиони Американци, принудувајќи ги училиштата да затворат и предизвика хаос во воздушниот сообраќај низ регионот.

Повеќе од 30 милиони луѓе од Западна Вирџинија до Нова Англија беа под предупредување за зимско невреме, бидејќи невремето погоди делови од областа со дури 15 сантиметри обилен, влажен снег во текот на ноќта, соопшти Националната метеоролошка служба.

Во Њујорк, најнаселениот град во државата, се очекуваше да наврне дури 7 инчи снег во текот на денот. Повеќе од 900 летови од и до Њујорк и Бостон беа или одложени или откажани.