Преглед на вестите од светот
Украински дрон нападна складиште за нафта во руската област Курск и предизвика голем пожар во објектот, изјави локалниот гувернер Роман Старовоит, но напомена дека нема повредени.
Во текот на изминатиот месец, руската енергетска инфраструктура беше погодена од напади со беспилотни летала и што предизвика и пожари. Како што пренесуваат странските агенции, ова ја зголемува неизвесноста на глобалните пазари на нафта и гас, кои веќе се потресени од конфликтот на Блискиот Исток.
И Русија и Украина меѓусебно ја напаѓаат енергетска инфраструктура, нанесувајќи удари со цел да ги прекинат снабдувачките и логистичките линии.
Поради руски напад утринава е прогласена воздушна тревога низ речиси цела Украина, а погоден е и главниот град Киев и неколку региони, каде има жртви и разурнувања, соопштија украинските власти.
Украинската воздушна одбрана дејствувала во Киев и регионот, како и во областите на Л`вов, Хмељницки, Запорожје и Дњепропетровск.
Три лица се повредени во Л`вов во руски ракетен напад, а оштетени се 16 станбени згради и автомобили во нивна близина.
Премиерите на Канада, Австралија и Нов Зеланд повикаа на итен прекин на огнот во Појасот Газа. Тие во заедничката изјава бараат да се достави хуманитарна помош, како одговор на најавата на Израел дека планира воена операција во градот Рафа на југот од палестинската енклава.
Копнената офанзива во Рафа ја оценија дека тоа ќе предизвика катастрофа.
Воедно 22 арапски земји апелираа до Советот за безбедност на ОН да побара итен прекин на огнот во Газа и непречена хуманитарна помош и да спречи какво било префрлање на Палестинците од таа територија.
Говорејќи пред новинарите во Обединетите нации, постојаниот претставник на ОН на Арапската лига за февруари, амбасадорот на Тунис во ОН, Тарек Ладеб, ги потврди трите барања на групата: „итен прекин на огнот, непречена хуманитарна помош и спречување на каков било план за трансфер на Палестинците.
Израелската армија потврди дека во ракетен напад од Либан загинала девојка која служела воена служба, а во градот Сафед се ранети неколку лица. Израел одговори на овој напад на либанската милитантна група Хезболах - единаесет цивили, меѓу кои шест деца се убиени низ јужен Либан.
Израел ќе продолжи со офанзивата против Хамас во Рафа, последното засолниште за раселените Палестинци во јужниот дел на Газа, откако ќе им дозволи на цивилите да ја напуштат областа, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху. Израелскиот лидер, е под голем меѓународен притисок да не го реализира планираниот напад.
Едно лице е убиено, а триесетина се повредени во пукотниците за време на парада на Канзас Сити Чифс, освојувачите на Супербол (финале во американски фудбал), изјавија од полицијата во Канзас Сити.
Меѓу ранетите се и единаесет деца кои се во болница, но не е познато на која возраст се децата.
Полицијата задржала тројца осомничени, Видео снимки од настанот покажуваат како полицајците трчаат кон местото на пукање во голема толпа луѓе покрај транспортен центар додека жртвите се изнесувани со возила за итна помош.
Ова е 48 масовно пукање во САД од почетокот на 2024 година.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар