Loading Video...
Свет
6. March 2024 - 12:24

Преглед на вестите од светот

Американскиот претседател Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп постигнаа победи на таканаречените прелиминарни избори „супер вторник“ во голем број држави, отворајќи го патот за историско повторување на судирот меѓу нив од претходните избори.

Трамп победи на гласањето на републиканците во повеќе од десет држави – вклучувајќи ги Калифорнија и Тексас. По последните резултати, Ники Хејли единствен преостанат предизвикувач за републиканската номинација.веќе нема реални шанси да ја добие.

Ова за Трамп ќе биде најверојатно трета последователна претседателска номинација и покрај тоа што се соочи со повеќе кривични пријави.

Трамп и Бајден го свртеа своето внимание еден кон друг кога резултатите станаа јасни.

Се очекуваше Бајден лесно да победи на прелиминарните избори на Демократската партија, иако активистите кои се спротивставија на неговата силна поддршка за Израел ги повикаа муслиманските Американци и прогресивците да дадат протестни гласови со гласање.  Бајден победи во 14 други држави, а претрпе и еден пораз – на американската територија на Американска Самоа, каде што претприемачот Џејсон Палмер победи со 51 глас „за“ наспроти 40 „за“ за Бајден.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера го повика Хамас да го прифати договорот за прекин на огнот во Газа до почетокот на светиот муслимански месец Рамазан додавајќи оти во спротивно ситуацијата може да стане многу опасна.

Од друга страна, според високи претставници на милитантната палестинска група, топката сега е кај САД, да го притиснат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се врати на преговори. Преговорите најверојатно се заглавени, на неколку дена пред Рамазан кој почнува на 10 кон 11 март.

Украинските сили за противвоздушна одбрана соборијле 18 непријателски беспилотни летала со кои Русија повторно ги нападнала Одеса и регионот, објави претседателот на Регионалната воена управа на Одеса, Олег Кипер, во апликацијата Телеграм.

Нема цивилни жртви, прецизира регионалниот гувернер. Тој вели дека руските терористи повторно предавнички ги насочиле беспилотните летала кон населени места и индустриски локации во крајбрежната зона.