Loading Video...
Свет
13. March 2024 - 12:19

Преглед на вестите од светот

Американскиот претседател Џо Бајден ја осигури претседателската номинација на Демократската партија, а кусо потоа и поранешниот претседател Доналд Трамп ја обезбеди номинацијата на републиканците, па во ноември се очекува реприза на претседателската трка од 2020 година.

Двајцата кандидати се во целосна кампања осум месеци пред изборите, со напади еден кон друг, па дури и без официјално да бидат достапни номинациите на нивните партии.

Бајден го спомна „мојот претходник“ 13 пати, никогаш не спомнувајќи го Трамп по име, додека Трамп се потсмева на возраста на Бајден (81), иако тој е само четири години помлад.

Бајден се соочи со само номинална опозиција за да стане демократски кандидат. Трамп, во меѓувреме, порази неколку републиканци на прелиминарните избори.

Повеќето рани национални анкети покажуваат дека Трамп има мала предност пред Бајден и во неколку од клучните сојузни држави, кои најверојатно ќе го одредат националниот исход на гласањето на 5 ноември.

Но, Трамп се соочува и со четири кривични тужби кои опфаќаат 91 обвинение, а едно судење ќе започне на 25 март.

Дали некој од другите случаи ќе отиде на суд пред изборите е неизвесно, но некои гласачи им рекоа на анкетарите дека нема да гласаат за Трамп доколку тој биде осуден за некое од обвиненијата.