Loading Video...
Свет
15. December 2023 - 12:16

Преглед на вестите од светот

Израел ја продолжи својата офанзива во Појасот Газа во петокот откако му кажа на својот клучен сојузник Соединетите Американски Држави дека војната за уништување на Хамас ќе трае „повеќе од неколку месеци“.

Војната започна откако Хамас започна напад врз Израел на 7 октомври во кој загинаа околу 1200 луѓе, главно цивили, според израелските власти. Ветувајќи дека ќе го уништи Хамас и ќе ги врати дома околу 240 заложници земени од милитантите во Газа, Израел започна воена офанзива. Портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари, изјави дека војниците биле вклучени во битки со милитантите во две области на градот Газа доцна во четвртокот.

„Ќе има уште тешки битки во деновите што доаѓаат“, рече тој.

Во Јужна Америка избегната војна.

Гвајана и Венецуела синоќа, по состанокот на шефовите на држави во Сент Винсент и Гренадини, се договорија да избегнат употреба на сила и да не ги ескалираат тензиите во долготрајниот спор околу регионот Есекибо богат со нафта. Површината од 160.000 квадратни километри генерално се смета за дел од Гвајана, но во последниве години, по големите откритија за нафта и гас, Венецуела ги оживеа своите претензии кон територијата и крајбрежните области.

Тензиите нагло се зголемија овој месец откако гласачите на референдумот во Венецуела го поддржаа потегот регионот Есекибо да се направи нова венецуелска држава.

Двете земји ќе го продолжат дијалогот во Бразил во следните три месеци, се додава во соопштението.

Најмалку 102 лица се повредени во судир на вагони во метрото во Пекинг, јавија денеска кинеските државни медиуми.

Вкупно 515 лица се испратени во болница на преглед, од кои 102 се здобиле со скршеници“, јави државната телевизија Си-Си-ТВ (CCTV).

До 6 часот утрово, 423 лица беа пуштени од болница,а 67 други се уште добиваат третман, додека 25 лица се под опсервација. Не се регистрирани смртни случаи.

Несреќата се случила за време на шпицот, во дел од метрото што не е под земја. Според првичните информации, снегот на шините ја нарушил железничката сигнализација и довел до нагло кочење.

Во Пекинг во изминативе денови падна големо количество снег и сообраќајот се одвива отежнато.

Шест дресови што ги носеше Лионел Меси за време на Светското пртвенство во Катар, на патот на Аргентина до светската титула беа продадени на аукција во четвртокот за 7,8 милиони долари, објави аукциската куќа Сотби.

Секој од дресовите беше носен во првото полувреме од натпреварите на Аргентина на Мундијалот 2022.

Продажбата на дресовите се со највисока цена на спортски сувенири продадени на аукција оваа година, но не ја достигна сумата од над 10 милиони долари.

Дресот на Мајкл Џордан од првиот натпревар на финалето на НБА во 1998 година го држи рекордот за највисока цена платена за спортски сувенири носени за време на натпревар, од 10,1 милиони долари.