Македонија
30. July 2026 - 13:47

Прегледани 73 пациенти во јавните здравствени установи во Гостивар

Во јавните здравствени установи во Гостивар вчера се прегледани 73 пациенти кои побарале лекарска помош, соопшти Министерството за здравство.

Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад" Гостивар, како што се посочува, се регистрирани вкупно 45 нови прегледи, од кои 26 на инфективно (со две нови хоспитализации) и 18 на педијатриското одделение.

Во моментот се хоспитализирани по двајца пациенти на инфективно и на одделението за педијатрија.

Во Здравствени дом Гостивар се регистрирани 28 нови прегледи во дежурната служба, информираат од Министерството. 

 

МИА