Прекинат конгресот на СДСМ на кој се анализираа причините за изборниот пораз
СДСМ го прекина конгресот на кој се анализираа причини за изборниот пораз.. Општинските организации побараа дополнително време за анализа на извештајот напишан на 66 страници, па конгресот е одложен на неопределено време.
Конгресот е прекинат по обраќањата на Ковачевски и Зечевиќ кои дале отчет за сработеното на парламентарните и претседателски избори. Пред почеток на партискиот состанок, лидерот на партијата рече дека очекува широка дебата за причини за лошиот изборен резултат.. Неговиот заменик пак рече дека конгресот е точка на пресврт кој треба да се случи во партијата..
Освен анализа за изборните резултати, според најавите денеска делегатите требало да расправаат и за смена на партискиот статут кој ќе го ограничи мандатот на претседателот на партијта. Се предлага, тој на раководна позиција да не биде повеќе од четири години..
Во меѓувреме, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не очекуваат промени во СДСМ.. Сметаат дека партијата ќе продолжи да тоне, без разлика кој ќе застане на претседателската позиција..
Засега нема информации дали продолжението на денешниот конгрес ќе се поклопи со изборот на нов претседател на СДСМ закажан за крајот на месецов.. Во трката за наследник на Ковачевски се доскорешната министерка за одбрана, Славјанка Петрковска, пораншениот прв човек на здравство Венко Филипче, актуелниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски и Заменик министерот за информатичко Александар Бајдевски..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар