Македонија
11. August 2025 - 12:12
Премиерот Мицкоски очекува ДИК преку правилник да ги прецизира критериумите и начинот на собирање граѓански потписи за независна кандидатура
Премиерот Мицкоски очекува Државната изборна комисија преку правилник да ги прецизира критериумите и начинот на собирање граѓански потписи за независна кандидатура откако Уставниот суд ги укина претходните законски решенија, а Собранието не ги донесе измените на Изборниот законик.
Мицкоски вели дека законските измени биле подготовени и усогласени од сите политички партии, но дека се блокирани во парламентот поради една опозициска партија која имала неразумни барања.
ДИК во саботата, по распишувањето на локалните избори за 19 октомври, зазеде став дека на изборите ќе може да учествуваат и независни кандидати за градоначланици и советници преку номинирање од група на избирачи.
-->
-->