Македонија
20. September 2025 - 12:06

Претреси во Штип, пронајдена дрога, приведени две лица | ФОТО

На  18.09.2025 во 16:20 часот од страна на полициски службеници од СВР Штип, врз основа на издаденa судска наредбa, бил извршен претрес на дом и помошни простории кај Н.Ј.(20) во Штип. При претресот и при преглед на Н.Ј. биле пронајдени дробилка, марихуана и бела грутчеста материја. Н.Ј. е лишен од слобода, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 18.09.2025 во 20:50 часот од страна на полициски службеници од СВР Штип, врз основа на издаденa судска наредбa, бил извршен претрес во дом и помошни простории кај Г.Н. (48) во Штип. При претресот биле пронајдени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, марихуана, пакување во кое имало семки од растение и пари. Г.Н. е лишен од слобода, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.