-->
-->
Претседателката Сиљановска-Давкова ќе присуствува на свеченото отворање на 20. Медитерански игри во Италија
-->

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на свеченото отворање на 20. Медитерански игри, кои се одржуваат во италијанскиот град Таранто.
Таа денеска ќе го посети Медитеранското (олимписко) село, каде што ќе оствари средба со македонските спортисти, а попладнево ќе присуствува на приемот што го приредува претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела, во чест на шефовите на делегациите.
Од независноста досега ова е четврто учество на македонски спортисти на ова престижно натпреварување. Македонската делегација годинава брои 90 спортисти. Тие ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини, во индивидуални и групни спортови.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
