Презентација на Стратегијата за соработка со СЗО 2026-2030
Во организација на Министерството за здравство денеска ќе биде презентирана првата Стратегија за соработка на Светската здравствена организација (СЗО) со Северна Македонија 2026-2030 година.
Според програмата, на презентацијата на Стратегијата ќе се обратат министерот за здравство Азир Алиу, постојаниот координатор на Обединетите нации во земјава Рита Колумбиа и претставникот на СЗО во Северна Македонија д-р Аким Али.
Предвидени се изјави од првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, министерката за образование и наука Весна Јаневска и од министерот за труд и социјална политика Фатмир Лимани.
Според агендата, изјави ќе дадат и претставничката на УНИЦЕФ во земјава Лесли Милер, претставничката на Канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија Афродита Шаља, претставничката на UN Women Весна Ивановиќ - Кастаред и Урим Касапи, програмски менаџер во УНДП.
МИА
Ново на Сител
-
30 дена притвор за три лица за палењето на Вардариште
-
За Кочани се уште нема кандидат за градоначалник
-
90 години Хидробиолошки завод - Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Алиу: Осум досиеја на пациенти стигнаа до интерната комисија
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор