Македонија
9. July 2025 - 10:26

При претрес во Радовиш пронајдена дрога

 

Радовишката полиција вчера го лишила од слобода А.И.(29) од Радовиш, бидејќи при претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и дробилка.

Како што информираат денеска од МВР, лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.

По документирање на случајот, против А.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.