При претреси во Битола пронајдена дрога, уапсена 18-годишна девојка и 40-годишен маж

На 02.02.2026 во 02:00 часот на ул.„Партизанска" во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода М.Р.(18) од Битола затоа што кај неа е пронајдена прашкаста материја. Подоцна, со наредба на Основен суд Битола, извршен е и претрес во нејзиниот дом, при што е пронајдена и одземена марихуана.
На 02.02.2026 во 01:05 часот на ул.„Илинденска" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода О.Н.(40) од Битола. При претрес во неговиот дом, истиот извршен со наредба на Основен суд Битола, пронајдени и одземени се грутчеста и прашкаста материја, метални предмети со остатоци од прашкаста и растителна материја, дигитални ваги и други предмети со остатоци од дрога.
По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидата поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Почна првата од 4 фази за поврзување на подземната сообракајница кај Лимак
-

Билетите за културните настани двојно поскапени, но Љутков смета дека се достапни за секого
-

2,3 милиони евра за реконструкција на државниот студентски дом во Штип
-

Нови мерни станици во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
-

Филипче: Растат авторитетните тенденции
-

“Стоп за Усје” одржа протестен марш во Скопје
