Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања
На два телевизори во големата судница на скопскиот кривичен суд се гледаа снимките од движењата на возилата со кои била грабната Вања. Ги регистрирал системот бебеден град. Цитроенот на претходно убиенот велешанец Жежовски, во близина на зградата на Вања се движел и три дена претходно. Според обвинителството, автомобилот по истата патека се движел и на денот на грабнувањето. Пристигнал од улицата Орце Николов, а до зградата се приближил преку паркингот наспроти градскиот парк. И на двете снимки, обвинителството забележа дека во возилото има три лица. Со возилото Рено пак се превезувало едно лице. И тоа минувало низ Дебар маало, излегло на булеварот Илинден па се до кружниот тек кон Момин поток.
„Сите снимки се од системот „Безбеден град“ кои се од интерес на предметот. Со внесување на регистарските ознаки, системот ги обезбедува трасите на возилото кое ги носи ознаките“, објаснија од обвинителството.
Според одбраната, снимките не можеле да се поврзат со обвинетите. На ниту една не се гледале регистрациите на возилата, а обвинителството само усно претпоставувало каде се движат.
Беа покажани и снимки на кои како што тврди обвинителството се гледа обвинетиот Влатко Кешишов како во раните утрински часови на денот на грабнувањето на Вања во голем пластичен сад купува бензин. Според обвинението, со цитроенот на Жежовски била грабната Вања, а откако била застрелана, возилото е полиено со бензин и запалено.
Судењето продолжува во понеделник.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар