Македонија
4. November 2021 - 12:22

Прилеп одбележа 77 години од ослободувањето

На свечена седница на Советот на Општина Прилеп, синоќа, беа доделени третоноемвриските награди. Наградите се доделуваат секоја година по повод Денот на ослободувањето на Прилеп, а годинава се навршуваат 77 години од ослободување на Прилеп од фашистичкиот окупатор.

Наградата за животно дело - Златна плакета, по повод „3-ти Ноември” – Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделi на тројца значајни прилепчани: Илија Адамоски, истакнат општествен работник , а двајца наградата ја добија постхумнo, тоа се доајенот на македонската современа скулптура, Драган Попоски-Дада, кој почина пред околу 2 месеци и бардот на прилепското и македонско новинарство, Тачко Локвенец, кој почина исто оваа година. Наградите за нив ги примија членови на нивните семејства.

„И сега во третото доба како претседател на Собранието на сојузот на пензионери на Македонија ќе се обидам безрезервно, несебично и максимално да го дадам својот придонес во изградбата на нашата држава Македонија“, рече Илија Адамоски, истакнат општествен работник.

„Симболично во овие награди се доделуваат во чест на нашите херои од минатото. А Тачко пак веруваше дека секој човек е херој на својот живот и преку своето творештво го славеше прилепчанецот. Херој од нашето секојдневие. Хероите велеше се секаде околу нас. Само треба да ги препознаеме и што е најважно да ги признаеме“, истакна Хари Локвенец, син на Тачко Локвенец.

„Со мојот дедо Дада си правевме често мубет, вели внучко за вакви награди кога ќе се даваат дали знаеш какво е чувствотои сврхата на наградата....? Ајде да не зборувам повеќе...“, додаде Коле Биџоски, внук на Драган Попоски-Дада.

Градоначалникот Јовчески потсети за значењето на овој ден и тоа дека никоаш не треба да го заборавиме делото на борците од НОБ, кои ја донесле денешната слобода.

„Празнувајќи го овој ден, најмалку што можеме е да им се заблагодариме на нашите херои за прогресот и напредокот во современото живеење. Без нив, ова ќе беше невозможно“, изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Награди – плакети за празникот добија и пингпонгарскиот клуб Младост 96, Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР, Здружение за правна едуација и транспарентност – СТАНИЦА П.Е.Т Прилеп, како и фирма МИНАС Прилеп, за негување на занаетчиството.

Награди – дипломи добија и повеќе повеќе прилепчани за достигнувања во областа на образованието, книжежноста и спортот како Георги Стале Поповски, Блага Тутеска, Круме Пирганоски, Божана Тренческа, Димче Велкоски, Пулексенија Јованоска, и (постхумно) Јовица Нешкоски-Фризерот за негување на фризерскиот занает.