-->
-->
Приведен 22-годишен скопјанец, му нашле производи без документација
-->

Млад скопјанец бил лишен од слобода рано изутрина, откако во возилото што тој го управувал, пронајдени биле производи без документација.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека денеска околу 1:10 часот на улицата Јадранска магистрала во Скопје, полициски службеници од ПО - Мирковци го лишиле од слобода А.И., 22-годишен скопјанец, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од КЗ.
- При преглед на товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, што тој го управувал, пронајдени се голема количина производи без документација. По документирање на случајот, против А.И. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава - информираа од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кампања на ДКСК за етичко и законито лобирање
-

Охрид ќе добие нови летни сцени
-

Индустрискиот симбол на Штип што исчезна
-

Започна доасфалтирање и доуредување на улиците во индустриската зона „Металец“ кај Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
