-->
-->
Приведен 42-годишник на Граничен премин Табановце - Возилото кое го управувал било предмет на потрага на Интерпол
-->

На 12.11.2026 околу 22:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода А.М.(42) од Република Албанија.
При гранична контрола и проверка било констатирано дека патничкото возило „волво“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, било предмет на потрага на Интерпол.
Возилото е одземено, а лицето е задржано во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, соопштува МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Надзорна расправа во Собранието за Алта банка: Опозицијата бара одговори од власта
-

Мицкоски и Филипче со спротивставени толкувања за Алта банка
-

НБРМ поднесе кривични против функционери на СДСМ за Алта банка
-

Македонска организација се најде на египетска терористичка листа на организации
-

Четири тинејџерки одат во воспитно-поправен дом за бруталното насилство врз 13-годишното девојче од Ѓорче Петров
-

Обвинетиот за палење на бугарските возила пресудата ќе ја слушне во среда
-

Пензиските друштва предлагаат промени во пензискиот систем
