Приведен лажен лекар од Дојран, измамил повозрасна кавадарчанка за 300.000 денари

Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера го привеле А.Т.(45) од Дојран, кој се сомничи дека учествувал во извршување на кривично дело „измама“, при што била оштетена 81-годишна кавадарчанка за сума од 300.000 денари.
МВР соопшти дека на 05.03.2026, 81-годишната кавадарчанка пријавила дека едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати. Откако се договориле, излегла пред својот дом и парите му ги дала на машко лице, а подоцна сфатила дека е измамена.
Во службен разговор, А.Т. го признал делото. За настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
МИА
Ново на Сител
-

Како да се заштитат жртвите на семејно насилство?
-

Вајц: Не може да се оди напред кон ЕУ без уставни измени
-

Само 8% од Ромките се вработени, но многу мал број пријавуваат дискриминација
-

Над 200 корисници преку проектот ТРАНСАКТ добиле бесплатни интегрирани социјални услуги и здравствени услуги
-

Штип очекува 1 милиони евра од данок на имот за 2026-та
-

Преглед на вестите од светот
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
