-->
-->
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-->
На 01.03.2025 во 14.45 часот, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на населбата „Св.Стефан“, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, ги приведоа Џ.М.(36) и Д.К.(35), двајцата од Охрид.
Претходно, полициска патрола од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, преземајќи службени мерки, сопрела патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, во кое двајцата се превезувале и при преглед, во возилото пронајдоа и одзедоа марихуана.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%
-
A1 со нови услуги за клиентите го прославува 6 роденден
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за депонијата во Вардариште
-
30 дена притвор за три лица за палењето на Вардариште
-
За Кочани се уште нема кандидат за градоначалник
-
90 години Хидробиолошки завод - Охрид
-
Преглед на вестите од светот