-->
-->
Приведени две лица во Велес, кај нив пронајдени пушка-артефакт, муниција
-->
На 18.09.2025 во 20:40 часот, во населба Превалец, Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода В.Д.(45) од Виница и З.Н.(48) од Штип. При контрола на патничко возило „шевролет“ со винички регистарски ознаки, управувано од В.Д. а сопатник бил З.Н., била пронајдена пушка-артефакт, која претставува културно наследство, како и над 300 парчиња муниција, кои В.Д. ги поседувал без соодветна документација.
Исто така, во возилото е пронајден разновиден алат. В.Д. и З.Н. се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Предвремени избори нема да има, ДУИ да не ги лаже гласачите
-
Прво човек па градоначалник
-
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ лажеше за воздухот
-
Голем пожар избувна попладнево над скопското село Батинци
-
Силјановска: Потребни реформи во ООН
-
До ФЗО се пристигнати пет претставки за сомнителни кардиолошки интервенции од пациенти
-
Синдикалната кошница намалена за над 400 денари, ССМ по подолг период бележи намалени трошоци за живот