Приведени тројца бугарски државјани кои биле затекнати со делови од македонски народни носии

На 09.12.2025 во 11:50 часот на улица „Вељко Влаховиќ“ во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода А.К.(44), К.К.(48) и В.Г.(50), сите од Република Бугарија, поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“ по член 235 и „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 266 од Кривичниот законик. А.К. и К.К. се затекнати во патничко возило „фолксваген голф“ со бугарски национални ознаки, а В.Г. е затекнат со возило комбе „пежо боксер“ со бугарски национални ознаки и кај нив се пронајдени предмети и делови од народна носија за кои не можат да го докажат потеклото.
Предметите се прегледани од етнолог од Музеј Битола и констатирано е дека се работи за делови од македонски народни носии кои претставуваат културно наследство и се со забрана за промет и за продажба без нивна дозвола.
Тројцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
