Продолжен рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари
Владата на Република Северна Македонија информира дека, поради силниот интерес и позитивниот одзив на граѓаните, се продолжува рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање на 400 пожарникари низ државата до 23 јули среда.
Одлуката за продолжување на рокот е донесена со цел да им се даде можност на што поголем број заинтересирани граѓани да аплицираат, особено имајќи предвид дека станува збор за значајна мерка која директно го засилува капацитетот на системот за заштита и спасување, особено во пресрет на летната сезона и зголемениот ризик од пожари.
Оваа мерка, која произлегува од Планот за вработување 2025, претставува системско и суштинско вложување во јавната безбедност и грижа за граѓаните. Ангажирањето на 400 пожарникари е прв ваков крупен чекор по повеќе од една деценија и директно одговара на долгогодишниот недостаток на кадар во противпожарните единици.
Владата останува посветена на создавање функционален, брз и ефикасен систем за заштита, а ги повикуваме граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат. Повикот е отворен за сите квалификувани лица, а сите детали за аплицирањето се достапни на веб- страните на општините.
Генерален секретаријат
Сектор за односи со јавноста
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба