Продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана

Судирите меѓу демонстрантите и полициските сили продолжија попладнево во Тирана, во близина на зградата на албанското Министерство за образование, каде што дури ни полициската интервенција со водни топови не ги прекина демонстрациите.
По првичното растерување на демонстрантите, студентите и другите собрани луѓе се прегрупираа по улицата „Драч“, во близина на Министерството за образование, продолжувајќи ги своите протести против владата и барањата за оставка на премиерот Еди Рама, објавува „Албанијан пост“.
Ситуацијата останува напната, со постојани судири меѓу демонстрантите и припадниците на безбедносните служби, а полицијата почна да ги приведува демонстрантите, но не се знае точно колку лица се приведени.
Ескалацијата на ситуацијата на протестите предизвика реакции од претставниците на опозицијата, а лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, ја опиша полициската интервенција како насилство врз студентите.
„Стоп на теророт на нарко-државните бандити врз храбрите студенти“, апелираше Бериша на социјалните мрежи.
МИА
Ново на Сител
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

СДСМ: Власта ја пушти Михаилова да замине во Бугарија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја среди медицинската документација на Михаилова?
-

Бегството на Михаилова не е поради здравствени причини
-

Утврдени цени, но без откуп, дел од лозарите ги копачат лозјата
-

Преглед на вестите од светот
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
