Македонија
18. March 2026 - 12:34

Променливо време со дожд и снег, постудени утра со температури под нулата

Утре во западните делови од земјата се очекуваат повремени слаби врнежи од дожд, додека на планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен, а на одделни места повремено засилен ветер од северен и североисточен правец, што ќе придонесе за дополнително заладување, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во наредните денови времето ќе се задржи променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени.