Прометот во индустријата зголемен за 8,8 проценти во август

Прометот во индустријата во август 2026 година бележи зголемување од 8,8 проценти во однос на август 2025 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, пораст на прометот е забележан кај интермедијарните производи, освен енергија, за 1,4 проценти, капиталните производи за 17,1 процент и нетрајните производи за широка потрошувачка за 6,9 проценти.
Кај трајните производи за широка потрошувачка, пак, е забележано намалување на прометот од 4,2 проценти.
Во однос на јули 2026 година, прометот во индустријата во август бележи пад од 16,3 проценти.
Во периодот јануари - август 2026 година, во споредба со истиот период лани, прометот е зголемен за 3 проценти.
Прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2026 година, во однос на август 2025 година, е зголемен за 4,4 проценти, додека во првите осум месеци од годинава бележи раст од 3,9 проценти.
На странските пазари, прометот во август е зголемен за 11,2 проценти на годишно ниво, додека во периодот јануари - август 2026 година растот изнесува 3,1 процент.
Најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата во август 2026 година, во однос на август 2025 година, имаат производството на прехранбени производи со 2,7 проценти, производството на моторни возила, приколки и полуприколки со 17,4 проценти и производството на машини и уреди, неспоменати на друго место, со 17,3 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Тоше живее во секое добро дело - детската улица се претвори во песна, а споменот во емоција
-

Тема на денот со Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии
-

19 години без Тоше – маратонците денеска пристигнаа од Нова Градишка во Крушево
-

Тоше живее во секое добро дело - детската улица се претвори во песна, а споменот во емоција
-

Истрагата за бегството на Ива Михаилова ќе биде презентирана пред НАТО
-

Пола милион за две фирми преку спорни тендери во УХМР, кривична за екс директорот
-

Жителите на Брвеница во недела ќе гласаат за нов градоначалник: Во трката се шест кандидати
-

Македонците јадат безбедна храна - тврди директорот на АХВ
