Протести ширум САД во знак на солидарност со жртвата на инцидентот во Минеаполис

Протестите во знак на солидарност со жртвата од инцидентот во Минеаполис се проширија во неколку градови низ САД, откако 37-годишната Рене Никол Гуд го загуби животот во инцидент со федерален службеник на Службата за имиграција и царина (ICE).
Додека демонстрантите продолжуваат да се собираат во Минеаполис и Сент Пол неколку дена по смртоносниот инцидент, собири за поддршка се организирани и во други делови од земјата, објавува Си-Ен-Ен.
Во Бостон, голема група демонстранти се собра во јавниот парк Бостон Комон втор ден по ред, протестирајќи против имиграциските политики на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
На митингот се слушнаа говори во кои се изразуваше загриженост за рациите на ICE и нивното влијание врз младите луѓе и имигрантските заедници. Во Балтимор, демонстрантите одржаа митинг во центарот на градот, пред федералната зграда Џорџ Х. Фалон, во која се наоѓа локалната канцеларија на ICE. Демонстрантите носеа знаци со пораки за поддршка на имигрантските семејства и противење на администрацијата на Трамп, како и повици за правда за Рене Гуд.
Во Бирмингем, Алабама, демонстрантите ѝ оддадоа почит на Рене Гуд со осветлени фотографии и американски знамиња во центарот на градот, барајќи правда за мајката на три деца. Организаторите рекоа дека инцидентот бил сфатен како лична закана за многу граѓани кои јавно не се согласуваат со сегашните политики.
Митинзи беа одржани и во Пфлугервил, Тексас, каде што демонстрантите се собраа пред зградата на Одделот за внатрешна безбедност на градот. Организаторите го опишаа митингот како извонредна акција, со пораки на солидарност со Минеаполис и барања до ICE да се повлече од локалните заедници.
МИА
Ново на Сител
-

Без ниту еден глас против изгласан Буџетот на Град Скопје за 2026 година
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Собраниски дуел Мицкоски - Филипче: Кој владее како Третиот Рајх, а кој е општествен талог
-

Изборот на Народен правобранител заглави во Собранието, институцијата пред целосна блокада
-

Политички обвинувања за градење згради во Дубаи, но и за србофобија
-

Ѓорѓиевски: Наследивме катастрофални 40, а сега имаме 400 милиони денари на сметка на градот
-

Рекорден буџет и големи капитални вложувања за Центар во 2026
-

Наместо намалување, зголемување на пропишување на антибиотици – Фондот во 2026 со нова политика
