Прва посета на високи претставници на воениот комитет на НАТО на Македонија
Членството во НАТО е остварливо, но одлуката останува на народот и на Владата, порача заменик претседавачот на Воениот комитет на Алијансата на состанокот со високи воени претставници од 29-те земји членки кој за прв пат се одржува во Македонија.
-Постигнавте значителен напредок кон членството во НАТО. Ова членство се повеќе е на дофат на рака, меѓутоа одлуката е целосно на вас, на вашиот народ и Влада, порача денеска заменик претседавачот на Воениот комитет на НАТО, генерал-потполковник Стивен Шепро
Членовите на Воениот комитет се заблагодарија за досегашната заложба на АРМ и за учеството на 4000 војници во мировните мисии на НАТО.
- Новиот стратешки одбранбен преглед веќе е усвоен и со неговата имплементација АРМ ќе се трансформира во мала компактна флексибилна армија која ќе може да одговори на сите предизвици пред кои ќе биде исправена Алијансата заедно со нас, изјави генерал мајор Васко Ѓурчиновски, началник на ГШ на АРМ.
Високите гости од НАТО во Владата остварија средба и со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска. Утре претставниците на Воениот комитет на алијансата ќе присуствуваат и на воена вежба во касарната Илинден.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
