Првачињата од О.У. ,,Блаже Конески‘‘ во Прилеп учат во училници без услови за ковид протоколи
Родителите на првачињата од училиштето „Блаже Конески“ во Прилеп обвинуваат дека децата им учеле во несоодветни услови, во 2 мали училници кои што не ги задоволувале поставените критериуми за заштита за време на пандемија, односно едно дете да има 2 метри квадратни простор за работа. Бројот на паралелките надминувал 30 ученици, што било исто така спротивно на закон. Иако барале учениците да бидат преместени во поголеми простории или да одат во две смени, не наоѓале на разбирање од директорката. Обвинуваат и дека училниците ги немале соодветните нагледни средства бидејќи биле мали.
„ За овие ученици има подготвено само една училница со соодветна квадратура, во која учениците и родителите ротираат секоја недела. Значи на 3 недели, 1 недела паралелката учи во соодветни услови. Останатите 2 училници, затоа што училниците се претесни, а учениците немаат услови ниту да седат, а дополнително движење и слично не станува збор. Како последица на ова е појава на масовно пренесување на актуелни настинки, вошливост и случно“, вели Викторија Паскоска, родител на првоодделенец во ООУ „Блаже Конески“.
Директорката Ангелка Баракоска, вели дека проблемот со малите училници таа го наследила и токму затоа годинава отворила уште една поголема училница за првооделенците. Ветува решавање на проблемот во текот на зимскиот распуст со спојување на двете мали училници во една голема.
„И очекуваме да се отпочне со промена на подовите во училиштето и напоредно додека се врши промена на подовите, да може да се прошири и просторниот капацитет на училницата. После тоа, после првото полугодие, со почетокот на второто полугодие учениците ќе почнат да учат во 2 поголеми училници и тогаш ќе мора да се спроведува и двосменското работење на учениците“, рече Ангелка Баракоска, директорка на ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп.
Родилите пак не сакаат да чекаат до зимскиот распуст и бараат државната просветна инпекција, под итно да го испита целиот случај.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар