Првата антикорупционерка Димитровска денеска ќе поднесе оставка
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска се очекува да ја поднесе својата оставка, откако против неа беше поднесено обвинение во врска со случајот „Адитив“, потврдија за Сител извори блиски до институцијата.
Обвинителството ја сомничи Димитровска за две дела поврзани со овој случај- според истрагата таа незаконски се стекнала со сертификат за државна тајна а потоа и го злоупотребила оддавајќи тајни информации на осомничен во случајот Адитив.
Според информации на Сител, оставката ќе биде официјализирана во текот на денот, а потоа на потег ќе биде собранието да ја констатира и да избере нов член.
Ова е првпат претседател на Антикорупциска комисија да се соочи со кривично гонење додека е на функција. Настанот предизвика силни реакции во јавноста, а повеќе граѓански организации повикаа на целосно расчистување на случајот и транспарентност во постапката.
Ново на Сител
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје