Првенец на генерација трпел насилство од соученици, директорката дознала откако родителите пријавиле во полиција
Нов случај на меѓуврсничко насилство во училиштата во Македонија. Двајца деветтооделенци подолг период физички и психички малтрерирале соученик во основното училиште „Даме Груев” во општина Градско. Насилството кулминирало на почетокот на месецов кога тинејџерите на два пати му го искинале долниот веж во соблекувалната за физичко, го влечеле по ходникот и му нанеле гребатини, а претходно му го кржеле училишниот прибор, го газеле и фрлале низ прозор. После последниот настан на 11 ноември момчето собрало храброст и им раскажало на родителите дека уште од минатата година било жртва на булинг од страна на двајца соученици. Таткото на детето целиот случај го пријавил во полиција, но од таму веќе трета недела нема разрешница.
Директорката на училиштето вели дека вакво нешто досега не се случило во нивната установа, а за насилството прв пат дознале од родителот ден откако поднел пријава во СВР Велес.
-Наставничкиот совет согласно член 72 од законот за основно образование , врз основа на објективност, праведност и педагошка одговорност донес одлука за изрекување на следните педагошки мерки и тоа преместување на учениците во друга паралелка и намалување на поведението, изјави Трајанка Дукова, директор на ООУ „Даме Груев” во општина Градско.
Поради претрпените трауми детето кое било првенец на генерацијата три недели не оди на училиште. Сега на потег се социјалните служби и истражните органи.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар