Македонија
16. December 2022 - 16:38

Психолозите бараат договорен однос од клучните институции

Секојдневните дојави за поставени бомби никого не оставаат рамнодушен и го поременуваат нормалното функционирање, смета психологот Адмир Косоврасти. Според него во вакви ситуации граѓаните треба да се бидат разумни и да не дозволат да преовлада стравот бидејќи психологијата и онака ни е кревка поради Ковидот, енергетската и економската криза, војната во Украина.

-Би замолил граѓаните да бидат рационални и разумни кога станува збор за дојавите за бомби, да се дистанцираат од некои конспиративни елементи кои знаат да бидат присутни и дополнително да го зголемат и оната присутниот страв. Мора да се почитуваат насоките на компетентните лица да бидат разумни при евакуација и никогаш да не се сватат несериозно овие дојави, а од друга страна би го повикал системот на поголема одговорност . поголема присутност помеѓу граѓаните и на некој начин да ја смират нацијата и да обезбедат доверба, изјави м-р Адмир Косоврасти, специјалист по медицинска психологија.

Поради честите дојави за бомби во училиштата психологот Косоврасти смета дека во сите образовни установи треба да има вежби како да се спроведе евакуација, а да не се крева паника и да се разговара со децата.

-И нормално кога нема дојави да се разговара и да имаат можност и парво да споделат што чувствуваат, акко се чувствуваат и тој страв да излезе на виделина, да не се потиснува, додава психологот Косоврасти.