Пуштени во продажба влезниците за финалето на фудбалскиот Куп на Македонија
Билетите за финалниот натпревар од фудбалскиот Куп се пуштени во продажба по симболична цена, соопшти вечерва Фудбалската федерација на Македонија.
Финалниот натпревар во кој за трофејот ќе играат Вардар и Струга е на програмата на 21 мај со почеток во 20 часот на Националната арена „Тодор Проески‘ во Скопје.
Цената на билетите изнесува 100 денари за јужната и северната трибина и 50 денари за западната трибина, која ќе биде намената за навивачите на Вардар.
За најтрофејниот македонски клуб Вардар ова ќе биде седмо финале во обид да го освои шестиот куп трофеј во клупската историја, а прв од 2007 година.
Струга, пак, ќе го игра своето второ финале и ќе се обиде прв пат во клупската историја да го освои пехарот, откако во сезоната 2022/23 загуби на пенали од Македонија Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја
-
Речиси 64 илјади му требаат на четиричлено семејство за да ги покрие основните потреби, пресмета ССМ