Путин и Трамп не ја поддржуваат европско-украинската идеја за привремено примирје, соопшти претставник на Кремљ

Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков денеска изјави дека претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп не ги поддржуваат европско-украинските напори за привремено примирје пред прекинот на конфликтот во Украина и дека Москва смета дека Киев треба да донесе одлука за Донбас.
Ушаков рече дека денешниот разговор меѓу Путин и Трамп траел еден час и 15 минути и бил одржан на барање на Трамп пред денешната негова средба во Флорида со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Главната работа е што рускиот и американскиот претседател имаат слични ставови, дека опцијата за привремено примирје, предложена од Украинците и Европејците под изговор за подготовка за референдум или под други изговори, води само кон продолжување на конфликтот и е исполнето со обновени воени дејствија“, рече Ушаков.
Тој истакна дека Киев мора да донесе „смела одлука“ во согласност со „руско-американските дискусии“ за Донбас за да се стави крај на борбите. „Ако се има предвид моменталната ситуација на фронтовите, би било логично украинскиот режим да донесе ваква одлука во врска со Донбас“, заклучи Ушаков.
МИА
Ново на Сител
-

Нови 120 возила за македонската полиција
-

Матични гинеколози наплаќале услуги кои се бесплатни
-

Долгови „ги гушат“ комуналните, штипски „Исар“ гледа излез и стабилизација
-

Охрид ќе добие Центар за кинески јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

„Стоп за Усје“ – Граѓаните бараат дислокација на цементарницата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
