Путин ќе ја оддржи годишната прес конференција, Русите му подготвија два милиона прашања

Рускиот претседател Владимир Путин денеска треба да ја одржи својата традиционална годишна прес-конференција во Москва, одговарајќи на прашања од домашни и странски новинари за низа теми во текот на неколку часа, јавува ДПА.
Годинава медиумскиот спектакл повторно ќе биде комбиниран со ТВ-емисијата „Директна линија“, во која руските граѓани можат да се жалат на своите проблеми, да го прашаат шефот на Кремљ за решенија и да го испрашуваат за други прашања.
Руската државна телевизија објави дека однапред биле примени повеќе од два милиона прашања.
Прес секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведува дека претседателот Путин се подготвува за настанот од среда.
Многуте предизвици на земјата, вклучувајќи ја сиромаштијата и социјалните тешкотии и поплаките за здравствената заштита и лошата инфраструктура, се теми што се повторуваат на настанот, што ќе се емитува низ цела Русија на телевизија и преку интернет страници, потсетува ДПА.
Војната во Украина, исто така, ќе биде една од главните теми на настанот. Москва на 24 февруари 2022 година нареди целосна инвазија на соседната земја.
Путин постојано го користи телевизискиот настан за да се прикаже како грижлив лидер и решавач на проблеми. Минатогодишната претстава траеше нешто помалку од четири и пол часа, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Поскапува струјата
-

Муцунски: Ахмети живее во времето од пред 20 години
-

Дебата за измените на Кривичниот законик
-

Мицкоски: Долгорочен план за развој за повисок квалитет на живот
-

Маглата не попушта, Штип 10 дена под аерозагадување
-

Илјадници светилки и најразлични новогодишни реквизити го осветлија Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Изборот на Хоџа и Сали во среда пред пратениците
