Работна посета на албанскиот претседател Бајрам Бегај во земјава
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска vо Охрид ќе биде домаќинка на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај кој ќе престојува во работна посета на земјава.
Албанскиот претседател ќе биде пречекан во вила „Билјана“ во Охрид, каде е предвидена средба и работен ручек со претседателката Сиљановска-Давкова. Во попладневните часови тие ќе посетат културно-историски знаменитости, а вечерта ќе присуствуваат на отворањето на фестивалот „Охридско лето“.
Сиљановска-Давкова ќе се обрати и ќе го прогласи за отворено 65. издание на Меѓународниот фестивал „Охридско лето“, којшто традиционално се одржува под покровителство на претседателот на државата.
За време на посетата, претседателот Бегај ќе биде придружуван од неговата сопруга Арманда Бегај.
Ново на Сител
-
Во Штип ќе се гради медицински факултет и студентски дом
-
Власта и опозицијата со обвинувања за пожарите
-
Вековна традиција оживеана со нови младенци
-
Се отвори завесата на фестивалот Охридско лето
-
Георгиј устоличен за митрополит во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација