Македонија
28. јуни 2018 - 17:14

Расте бројот на пријави за семејно насилство во Струмица

Расте бројот на пријави за семејно насилство  во струмичкиот регион.  Се поголем е бројот на жртви кои го пријават насилството што им се случува во семејството и бараат  помош. Од организацијата на жени велат дека семејното насилство од секогаш било присутно и можеби бројката не се зголемува, но расте бројот на  лицата кои собрале храброст да пријават дека биле жртва на член од семејството. Со околу 97%  најчестите жртви    и понатаму се жените кои претрпеле насилство, мал е процентот   но има и мажи, а се почесто се јавуваат и родители малтретирани од нивните деца.

,, Во рамките на организација на жени во периодот јануари заклучно со април годинава имаме постапувано за 26 случаи на жртви на семејно насилство. Поведени се постапки пред надлежните институции во соработка и со центарот за социјални работи и со СВР, судство, обвинителство сите заедно работиме и навистина се делува ефективно и ефикасно.,, вели ЛЕНЧЕ ХРИСТОВА – ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИ СТРУМИЦА

Физичкото е најчестиот облик на насилство кој се пријавува. Присутно е и психичкото, но тоа многу потешко се докажува.  Во најголемиот број на случаи насилниците се зависници од алкохол или психотропни супстанци. Со намера  да им пружи подобра заштита на жртвите,  организацијата на жени од Струмица започна со изработка на локален  акциски план кој има за цел анализа на моменталната состојба, но и дефинирање на мерки за подобра грижа и третман на жртвите на семејното насилство.