Расте свеста за грижата за машкото здравје
Секој трети возрасен маж во поодминати години се смета дека има карциномна простата.овој проблем кај мажите се јавува после 50_тата година од животот, но во поново време и напомлада возраст. Откако паднаа бројките на позитивни на Ковид 19, на уролошкото одделение при штипска клиничка дневно на преглед се јавуваат и по 70 пациенти.
-Оперативниот дел за карцином на простата се изведува овде во Штип. Имаме прилично голем број на вакви случаи. Најчести болести кои се јавуваат во уролошките амбуланти тоа секако е аденом на простатата. Тоа е бенингно заболување и првите прегледи е најдобро да се направт околу 50-тата година, кога се прави еден скрининг тест за простата или т.н. тумуршки маркер ПСА-изјави д-р Димитар Кожухаров, специјалист уролог - Клиничка болница Штип.
Благодарение на повисоката здравствена свест на граѓаните, денес за уролошкото проблеми многу поотворено се разговара, што резултира и со редовни контроли кај лекар уролог.
- Зборувам од искуство, бидејќи скоро 40 години сум уролог, многу поретко доаѓаа пациентите, многу потретко се осудуваа да разговараат за уролошките проблеми. Почнаа почесто да доаѓаат и тој срам во врска со уролошките заболувања го снемува веќе кај пациентите – додаде д-р Кожухаров.
Одделот за урологија располага со 4 доктори специјалисти и еден кој што е на специјализација. Има 2 амбуланти и 20 кревети.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар