Реал Мадрид втор финалист во Евролигата

Екипата на Реал Мадрид успеа да се избори за уште едно финале во Евролигата откако вечерва во Атина во вториот полуфинален дуел ја совлада Валенсија со 105:90 (26:28; 28.36; 24:17:19:17). Во финалето во недела ќе играат против Олимпијакос, а почетокот на натпреварот е во 20 часот.
Шпанските екипи го одиграа најефикасното прво полувреме во полуфинале во Евролигата (62:56). Голем проблем за тимот од Мадрид може да биде повредата на центарот Усман Гаруба. Најефикасен играч на дуелот беше Марио Хезоња со 25 поени.
Кошаркарите на Реал Мадрид во текот на целото второ полувреме имаа водство и заслужено се изборија за своето 22 финале и ќе се борат за 12.титула европски првак.
Нивниот противник Олимпијакос има три титули, а ќе го играат своето десетто финале.
Двете екипи досега имаат одиграно четири финални натпревари, Реал Мадрид има три победи (1995, 2015 и 2023), а Олимпијакос една победа во финале во 2013 година, кога ја освои и последната титула европски првак.
МИА
Ново на Сител
-

Почна судењето за случајот ИПАРД
-

Анализа на ФЗО: Вештачки колк чекаат над 650 пациенти – лани имало зголемен број на вакви операции
-

МОН финансира по 600 илјади денари за 14 македонско-австриски научни проекти
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
-

Виртуелниот простор станува нова сцена за врсничко насилство
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
