Родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ почнаа да даваат искази во Јавното обвинителство во Кочани
Родителите на лицата кои починаа во трагичниот пожар во клубот „Пулс“ од претпладнево во Основното јавно обвинителство во Кочани почнаа да даваат поединечни искази за случајот.
По претходно направен временски распоред, за што биле известени од Полицијата, родителите доаѓаат во Обвинителството и изнесуваат свои сознанија за настанот. Како што најавија и на протестниот марш во саботата, не сакаат јавно да зборуваат за правната постапка додека не заврши истрагата.
-Право за исказ имаат законските застапници на секој од починатите. Тие, доколку сакаат, можат во исказот да посочат и други блиски лица за кои сметаат дека имаат сознанија за настанот. Распоред за давањето искази нема да се објавува, а се работи за законско право на оштетените како странки во постапката, информираа од Јавното обвинителство во Кочани.
По давањето исказ во Обвинителството некои од родителите чии деца настрадаа во пожарот, а кои ги контактираше МИА, кратко информираа дека во исказот навеле како дознале за трагичниот настан, дали располагаат со дополнителни информации за случајот, а им било укажано дека за евентуални оштетни побарувања ќе треба да поведат посебна граѓанска постапка.
Како што претходно информираше Јавното обвинителство, прибирањето искази од блиските на починатите во „Пулс“ ќе трае до четврток, а со ваквите дејства и одлуки обвинителите ги имаат предвид и ги штитат интересите на оштетените
Ново на Сител
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Ратификацијата на договорот со Британија пред пратениците
-
Изборот на гувернер заглави во Собранието
-
Владата донесе оперативен план за вработување кој опфаќа 16.000 граѓани, повеќето млади до 29 години
-
Сител во Естонија: Почна 11 конференција за е-управување
-
Проширена истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“