-->
-->
Рубио: Продолжуваат руско-украинските преговори во Абу Даби
-->

Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа најави дека неделава ќе бидат одржани нови руско-украински разговори.
-Се очекува руските и украинските преговарачи, кои се сретнаа во Абу Даби минатата недела за да разговараат за американскиот план за решавање на конфликтот, во присуство на медијатори од Белата куќа, се очекува да спроведат понатамошни разговори оваа седмица, изјави Рубио пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот.
Тој додаде дека на претходната средба, помеѓу руските и украинските преговарачи и американските посредници, постигнат е договор за безбедносни гаранции за Украина, што е клучно барање на Киев.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вчера изјави дека руско-украинските разговори продолжуваат на 1 февруари.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција
-

По Венецуела, Трамп со отворена закана и за уште пет држави
-

Преглед на вестите од светот
-

Православните христијани денеска го слават Бадник, ден пред Христовото раѓање
-

Со македонската коледарска песна „Коледица Варварица“ коледарчиња утрово затропаа на вратите
-

Божиќно послание на г.г. Стефан: Се што доаѓа од Бога носи спасение и вечност
-

Преглед на вестите од светот
-

Бадникарски огнови вечерва низ цела држава
