Руската вакцина против рак со охрабрувачки резултати кај првиот пациент, следуваат уште 120 пациенти до 2027 година

Руските научници објавија охрабрувачки информации за примената на персонализираната вакцина против рак, откако првиот пациент со меланом ја завршил терапијата, а според досегашните резултати, кај него во моментов не се забележани метастази. Професорот Сергеј Бољевиќ од Универзитетот „Сеченов“ во Москва најави дека во јануари 2027 година со оваа терапија би требало да започне и пациентка од Србија.
Кај првиот пациент меланомот бил дијагностициран во 2021 година, додека во 2025 година било утврдено дека болеста се проширила на лимфните јазли. Персонализираната вакцина почнал да ја прима во април 2026 година, а последната доза ја добил во септември истата година. Според Бољевиќ, пациентот сега се чувствува добро и засега нема докази за присуство на метастази. Сепак, за да се потврди долгорочната ефикасност на третманот, ќе биде потребно неговото здравје да се следи во следните три до пет години.
Вакцината е развиена така што му помага на имунолошкиот систем да ги препознае специфичните карактеристики на туморот и да ги активира сопствените одбранбени клетки во борбата против канцерот. Меланомот бил избран за првична примена поради големиот број мутации и неоантигени, кои овозможуваат попрецизно насочување на имунолошкиот одговор со помош на современи технологии и вештачка интелигенција.
Во меѓувреме, се подготвува и персонализирана вакцина за Јована Алексиќ од Србија, која се очекува да пристигне во Русија и да ја прими првата доза околу средината на јануари 2027 година. Нејзиното лекување претходно било одложено поради административни и други пречки.
Плановите на руските научници се постепено да го прошират бројот на пациенти. До крајот на 2026 година терапијата треба да ја примат 20 лица, а во текот на 2027 година се планира лекување на уште 100 пациенти. Истовремено, се подготвуваат истражувања за можната примена на технологијата и кај карциноми на белите дробови, бубрезите, мочниот меур, дојката и панкреасот.
Иако кај првиот пациент досега не се регистрирани сериозни несакани ефекти, експертите нагласуваат дека се потребни дополнителни испитувања и внимателно следење. Меѓу можните реакции се наведуваат локално црвенило и иритација на местото на апликација.
Ново на Сител
-

Девет полицајци кривично ќе одговараат за непостапување за смртта на Росица Коцева од Велес
-

На новороденче на Гинекологија му отсекле дел од прст при вадење на инфузија
-

Осум месеци затвор за палењето на дипломатските возила
-

Раководител на технолошка компанија во Грција бил мета на терористичката ќелија
-

Нови меѓусебни обвинувања за Алта Банка
-

„Избриши го видеото или сите ќе умреме уште вечерва“ - Бугарскиот јутјубер Цанов објави нови пораки од Михаилова
-

Историски прашања да останат за историчарите
-

Крај за чекањето на патарини? Македонија подготвува автопати без рампи, ќе се плаќа по изминат километар
